Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ бараат изговори за да го блокираат Изборниот законик, тие не се за реформи туку за политичка блокада

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека не сакаат нов Изборен законик, туку политичка блокада.

Иако со месеци учествуваа во разговорите и усогласувањето на текстот, во моментот кога требаше да се постигне договор, се повлекоа и го урнаа целиот процес.

Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти.

Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДС, Левица и ДУИ, трите партии си подготвуваат алиби поради стравот од избори и пораз.

ВМРО-ДПМНЕ останува подготвена веднаш да прифати договор меѓу опозициските партии, доколку тоа овозможи конечно да се олесни гласањето на дијаспората.

Одговорноста ако Македонија продолжи со стариот Изборен законик е целосно на СДС, Левица и ДУИ.