Centar.mk
БИЗНИС

УЈП објави нова листа на должници: Над 5.100 лица и фирми должат повеќе од 13 милијарди денари

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 07/2026, во која се опфатени долгови доспеани до 31 март 2026 година, а неплатени до 30 јуни 2026 година.

Станува збор за обврски по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На листата се објавуваат физички лица и самостојни вршители на дејност со долг повисок од 120.000 денари, како и правни лица со долг повисок од 300.000 денари.

Според податоците на УЈП, на најновата листа се објавени 2.007 должници правни лица, што е за 66 повеќе во споредба со претходната листа. Кај физичките лица бројката изнесува 3.149, односно 32 повеќе од претходно. Вкупно, на листата се наоѓаат 5.156 должници.

Вкупно објавениот нето-долг изнесува 13.076.222.055 денари, што е зголемување за 162.229.651 денар во однос на претходната листа. Од оваа сума, долгот за даноци и придонеси изнесува 12.862.649.581 денар, додека долгот за царински давачки изнесува 213.572.474 денари.

Целата листа е достапна на следниот линк.

Можеби ќе ве интересира

Незадоволниот купувач може да ви покаже каде бизнисот губи пари

ДЕСК

Веќе изгубивте пари? Понудата „ќе ви ги вратиме“ може да биде втора измама

ДЕСК

Зеленото усогласување со ЕУ ќе ја чини Црна Гора над три милијарди евра

ДЕСК