Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Убиство го потресе Скопје: Полицијата приведе осомничен за убиство

На 12.07.2026 околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода маж (31) од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко (52) од Скопје. Според пријавеното, на 12.07.2026 околу 22:35 часот во семејниот дом, починатиот, кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга (мајка на осомничениот.), по што осомничениот му нанел убодни рани на својот татко.

По преземени мерки, полициски службеници го лишија од слобода осомничениот, а 54-годишната жена е пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.