Centar.mk
-МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

СОНЦЕ И ВЕТЕР ЗА ПОЧЕТОК НА НЕДЕЛАТА: Температурите ќе се искачат до 34 степени

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, наместа со брзина од 50 km/h.

Утринските температури ќе се движат од околу 13 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 25 до 34 степени. Најсвежо ќе биде во западните и источните делови, а најтопло во јужните и југоисточните предели.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Т=32°C. P=979hPa. U=28%. V=5m/s