Centar.mk
фото ВМРО ДПМНЕ
-МАКЕДОНИЈА

Ласовска до Крмов: Зошто учествувавте во локалната власт на Град Скопје, ако сметате дека тоа пазар и непринципиелна поделба на колачот?

На денешната собраниска седница, меѓу другите, збор побара и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска која излезе со критика за говорот на пратеникот од политичката партија Левица, Борислав Крмов.

Коментирајќи го неговиот говор кој го оцени како непринципиелен, Ласовска го потсети Крмов дека тие бел дел од минатата локалната власт во Град Скопје со директорски, заменик директорски и советнички места и го запраша зошто не се откажале тогаш, ако сметаат дека поделбата на власта во Македонија, согласно политичкиот систем, е пазар и непринципиелна поделба на колач?

„Сметам дека имате непринципиелен говор од две причини. Ќе се задржам само на делот каде што говорите за непринципиелна поделба на колач и пазар, а и тука практично ги кажувате вашите, наводни, Чегевара принципи. Зошто правам споредба во делот на партиципирањето ваше како левица во локалната власт? На исти начин се делат и местата во локалната власт. Зошто тогаш вие како, еве, нели многу принципиелна партија, имаме можност да споредуваме каква власт сте биле, односно како вие сте партиципирале во власта, зошто не сте ги одбиле овие позиции? Сте имале директорски позиции, сте имале советнички позиции, заменички директорски позиции и ако сметате дека ова е непринципиелен начин на поделба на власта, а таков е политичкиот систем во државата. Зошто? Бидејќи нели вие сте Чегевара во некојаси авангарда во државата. Зошто тогаш не сте ги одбивале за време на локалната власт кога ја делевте заедно со Данела Арсовска. Еве само во тој дел одговорете ми, зошто ако сметате дека ова е пазар и непринципиелна поделба на колачот вие учествувавте на исти таков начин во локалната власт“, праша пратеничката Ласовска.

фото ВМРО ДПМНЕ