Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возач на мотоцикл со тешки повреди пренесен во Клиничка болница Битола

На 11.07.2026 во 19:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Г.Васко Карангелевски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа” со битолски регистарски ознаки управувано од К.С.(79) од Битола и мотоцикл „џонвеј” со битолски регистарски ознаки управуван од Ж.В.(62) од Битола.

По несреќата возачот на мотоциклот со возило на Итна медицинска помош Битола бил пренесен во Клиничка болница Битола каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК