Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

(Видео) Кузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска Македонија

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ:

Христијан Мицкоски вчера потврди дека е подготвен да ја жртвува Македонија, и кажа збогум на Европа и порача дека ќе чека покана. Со децении да чекаме заглавени додека регионот оди напред.

Мицкоски призна дека тој и неговата криминална организација ВМРО, не сакаат Македонија да биде членка на Европската Унија.

Не затоа што не веруваат во Европа, туку затоа што се плашат од тоа што Европа го носи: независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност за сите оние што ја ограбиле и ја уништиле државата.

Од тоа се плаши Мицкоски. Нема да може повеќе да мести партиски тендери,
милионски зделки со блиски фирми, злоупотреба на буџетските пари – нема да можат да крадат народни пари.

За жал, цената за неговото заложништво ја плаќаат сите граѓани а најмногу младите кои ќе продолжат да се иселуваат.

Мицкоски дојде на власт со лаги. Лажеше за името, за Преспанскиот договор, за националните интереси.

Денес е јасно дека сите тие лаги беа само средство за доаѓање на власт.

Кога дојде време да се направат реални реформи, тој се повлече и почна да бара изговори.

Македонскиот народ јасно кажа што сака. Сака Европа.

Сака правда. Сака да живее во нормална, достоинствена европска држава.

Затоа што за граѓаните Европа значи подобар живот и повеќе пари, висок животен стандард, силна економија поттикната од странски инвестиции и пристап до европскиот пазар.

Европа значи квалитетно европско образование, развојни програми за студентите и реални можности да напредуваат дома, а не да купуваат карта во еден правец.

Европа значи пристап со развојни фондови, наместо задолжувања.

А за Владата на Мицкоски Европа значи крај на криминалните тендери и крај на неказнивоста и одговорност а одговорност е токму она од кое тие бегаат.

Додека може да се задолжува и додека има пари во буџетот, Мицкоски ќе продолжи да ја држи Македонија во изолација.

Но кога ќе му се затвори тој простор, ќе се појават нови изговори за предвремени избори, затоа што нема пари.

Мицкоски трага по алиби. Потребно му е за да продолжи со своите лаги.

Не може да признае дека ја уништил економијата на земјата. Не може да признае дека нема излез, па ќе се врати на старата националистичка кампања за „патриоти“ и „предавници“.

Само што овој пат народот знае, воопшто не е наивен.

Народот ќе победи. Европска Македонија ќе победи.

Линк до видеото : https://youtu.be/lg3qz-UJMMs?si=QZJ8xD-_Fj5r1mfM