Centar.mk
-МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ЧАДОРОТ И ОЧИЛАТА ЗА СОНЦЕ ВО ИСТА ТОРБА: Времето ќе менува расположение

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а наместа повремено зсилен ветер. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени.

Температурите ќе останат летни и релативно високи. Утринските ќе се движат од околу 10 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 36 степени, во зависност од регионот.

Најтопло се очекува во јужните и југоисточните делови, каде што максималните температури ќе се искачат до 36 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.