Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава за недозволено тргување со оружје и експлозивни материи

ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против лице(38) од село Ливада, струшко, правно лице од Скопје, лице(42), лице(42) и лице(38), тројцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Имено, на 24.12.2025 на регионален пат Градско-Прилеп, кај Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, сопреле товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Р., а сопатник бил И.Р. – полициски службеник во полициска станица во Скопје, при што била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства за кои не поседувале документација, а за кои изјавиле дека припаѓаат на правното лице од Скопје. Потоа, со судска наредба бил извршен претрес во магацините на правното лице во село Камендол, росоманско, каде одговорно лице бил В.Х., и во товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, паркирано во кругот на магацинот, натоварено со пиротехнички средства, кое било оставено и напуштено од Е.И. При претресот биле пронајдени и одземени над 35 тони пиротехнички средства.