Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

41-годишен кумановец тешко повреден во сообраќајна несреќа на улица „11 Ноември“

На 08.07.2026 околу 22:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Т. (41) од Куманово удрило во паркирано товарно возило „пежо“, паркирано од С.К.(38) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Т., констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.