Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Младите се врвен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, образованието добива рекордни инвестиции и поголем буџет за поддршка на младите

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Наместо да се пикаат по сокаци и ќошеви на партијата и пуштаат голобради деца со сомнително минато да зборуваат за образованието, доволен податок за тоа што ВМРО-ДПМНЕ има направено за образованието е тоа што по 7 години власт на СДС и ДУИ и максимална запоставеност, за прв пат уште во јуни има бесплатни учебници за сите ученици од септември.

Младите се врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел Буџетот за наука од 380 милиони денари во 2024 го зголемивме на 773 милиони денари во 2026.

Буџетот за високото образование во 2022 беше помалку од 3 милијарди денари, во 2026 за универзитетите има 8 милијарди денари.

Стручното образование е унапредено, а дуалното системски уредено и регулирано со закон. Вклучени се 1000 компании во практична подготовка на учениците и отворени се 7 регионални центри за стручно образование и обука, а наскоро ќе се отвори и осмиот.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ драстично ја зголеми поддршката за учениците со посебни образовни потреби, ангажирајќи 1350 образовни асистенти во основното и за прв пат 150 во средното образование.

За да ги поддржиме младите кои сакаат да одат по патот на науката, и да ги задржиме тука, ги изменивме условите за стипендирање на студии на најдобрите 100 светски универзитети.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, затоа што тие се иднината на Македонија. Доделени беа 55.000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома.

Ги подобривме условите за образование и воспитание. Вложени се 70 милиони евра во образовната инфраструктура, по 35 милиони одвоија МОН и Владата за над 90 инфраструктурни проекти.

Тоа што Македонија забрзува СДС, ДУИ и Левица ги прави несреќни, но тоа е концепт кој го подржуваат граѓаните и се додека е така Македонија ќе оди напред.