Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Полицијата вршеше претреси: Најдени пиштоли, пари и тефтери

На 06.07.2026 во периодот од 15:00 до 18:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во врска со претходно пријавено кривично дело „насилство“, извршено претходниот ден, при што со нож беа повредени две лица, по добиена судска наредба извршија претреси на две локации кај лице (38) од Тетово.

При тоа, во патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Б.И., пронајден е пиштол кој го поседувал со дозвола, додека во куќата е пронајдена една рамка за пиштолот.

При претрес во објект во Тетово, сопственост на приведениот, пронајдени се два пиштоли за кои немал дозвола, како и тефтери со евиденција и пари. Поради сомневање за сторени кривични дела, од слобода се лишени лице (62) и лице (60), двајцата од Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.