Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дојчиновски: Со ребалансот Владата на ВМРО крати пари од младите, а не од криминалните тендери

Прес конференција на Кристијан Дојчиновски од СДСМ:

Владата на ВМРО не инвестира во младите, туку крати од младите.

Со ребалансот на Буџетот власта повторно покажаа кои им се приоритетите.

Наместо повеќе пари за младите и демографските политики, тие ги кратат средствата. Сега има помалку пари за демографски политики, за над 70 проценти – од 71 на само 21 милион денари.

Програмата за млади ја кратат за уште 1 милион денари.

За младите нема пари, но затоа има милиони за нови задолжувања и криминални партиски тендери.

За две години ја задолжија државата, ги задолжија младите и исните генерации за нови 2,5 милијарди евра. Нема 600 евра минимална плата, нема повеќе средства за младите, образованието и студентите, но има пари за криминални тендери и партиски бизниси.

Младите не си заминуваат затоа што не ја сакаат Македонија, туку затоа што власта им ја одзема перспективата. Во држава во која партиската книшка вреди повеќе од дипломата, а врските повеќе од знаењето, младите не гледаат иднина.

СДСМ со амандмани бара повеќе пари за младите, за демографските политики, за студентскиот и ученичкиот оброк, како и за образованието. Ќе продолжиме да се бориме за држава во која буџетот ќе инвестира во младите, а не во криминални тендери.