Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СВР Тетово со детали: Четирицикл излетал од коловоз, возачот тешко повреден

На 05.07.2026 година во 21:24 часот, во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово пријавиле дека за укажување лекарска помош биле донесени две лица повредени во сообраќајна незгода.

Полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово извршиле проверки и утврдиле дека на патот кај село Лисец, четирицикл управуван од Ф.М. (20) од село Пирок, на кој сопатник бил неговиот соселанец А.Х. (19), излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.М., кој поради сериозноста на повредите е префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Сопатникот А.Х. се здобил со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

СОБРАНИЕТО ПОПУШТИ ЗА СПОРНИОТ ЧЛЕН – Избришана одредбата што ја оспори претседателката

ДЕСК

ПОЛИТИЧКИОТ ВАКУУМ НА БАЛКАНОТ НЕ ТРАЕ ДОЛГО – Сиљановска-Давкова предупреди од Париз

ДЕСК

ЕВРОПА НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОЧИ СО БИЛАТЕРАЛНИ СПОРОВИ – Порака од средбата на двајцата претседатели

ДЕСК