Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Временска прогноза за 6 јули 2026 година

Сончево време со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утрото ќе биде свежо во поголем дел од земјата. Минималните температури ќе се движат од околу 8 до 19 степени. Најсвежо ќе биде во источните и западните предели, каде се очекуваат утрински температури од 8 до 9 степени. Во југозападниот дел утрото ќе биде околу 13 степени, додека во југоисточните подрачја ќе биде потопло, со температура околу 19 степени.

Во текот на денот температурите ќе бележат пораст и ќе се движат од 23 до 34 степени. Најсвежо ќе остане во западните повисоки предели, каде максималната температура ќе достигне околу 23 степени. Во југозападниот дел ќе биде до 28 степени, во централните делови околу 30 до 33 степени, а најтопло ќе биде во јужните и југоисточните региони, каде дневната температура ќе се искачи до 34 степени.

Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопската Котлина времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но во текот на денот ќе има услови за краткотрајна нестабилност со локален дожд и грмежи. Утринската температура ќе биде околу 13 степени, а дневната ќе достигне до 33 степени.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Како државотворна влада сè ќе сторам да најдам решение да се спасат вработените и доверителите на Алта банка, нема да банкротира како Еуростандард во време на СДСМ

ДЕСК

Филипче до Мицкоски: Што му кажа на Славески кога му нареди да дозволи влез на Алта банка?

ДЕСК

Стојаноски: Има официјална одлука од 2023 година со која владата на СДС дала согласност за продажба на акции во денешна Алта банка

ДЕСК