Centar.mk
-МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h.

Утринските температури ќе бидат релативно свежи и ќе се движат од околу 8 до 20 степени. Најсвежо ќе биде во западните, североисточните и источните делови, каде минималните температури ќе се спуштат до околу 8 степени. Во јужните и југоисточните предели утрото ќе биде потопло, со температури до околу 20 степени.

Во текот на денот температурите ќе бележат пораст и ќе се движат од 23 до 33 степени. Најниска дневна температура се очекува во западните повисоки предели, околу 23 степени, додека во југозападниот дел ќе биде до 27 степени. Во централните делови температурата ќе достигне околу 29 до 32 степени, а најтопло ќе биде во јужните и југоисточните делови, каде максималната температура ќе се искачи до 33 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопската Котлина времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде свежо, со температура околу 14 степени, а во текот на денот ќе се затопли до околу 32 степени.