Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и појава на град.
емпературите и понатаму ќе останат високи. Утринските ќе се движат од 12 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 38 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните и јужните предели, каде температурата ќе се искачи до 38 степени, додека на запад и југозапад ќе биде посвежо, со максимални вредности околу 27 до 30 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град. Во Скопје температура до околу 35 степени


