Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ АЕРОДРОМОТ „СКОПЈЕ“: Возило удрило во ограда и се превртело

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила на автопатот „Пријателство“, во близина на исклучувањето кон меѓународниот аеродром „Скопје“, информираат од МВР.

Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена околу 5:30 часот, откако автомобил „нисан“ со српски регистарски ознаки удрил во метална ограда, по што се превртел на коловозот.

Повредени се возачот, 34-годишниот Н.Џ. од Република Србија, како и две сопатнички во возилото. Тие со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на несреќата увид вршат екипи на СВР Скопје, под раководство на јавен обвинител.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК