Соопштение на СДСМ:
Додека граѓаните стојат по неколку часа во редици на јужната граница, чекајќи да влезат или да излезат од Македонија, Христијан Мицкоски и неговата Влада продолжуваат да ја изолираат државата.
Денеска на Богородица се чека со часови, има километарски колони.
Ова е директна последица од политиката на изолација што ја спроведува ВМРО.
За само две години, Мицкоски успеа да ги влоши односите со соседите, да ја блокира европската интеграција и да ја претвори Македонија во слепо црево на Балканот.
Граѓаните сега ја плаќаат цена за тоа секој ден, на границите, во економијата и во изгубените можности за нивните деца.
Додека највисоките функционери на ВМРО и нивните семејства си обезбедија бугарско државјанство и пасоши, и слободно и без чекање патуваат низ Европа, обичните граѓани се понижуваат со часови чекање на границите.
Оваа изолација не е случајна.
Таа е дел од стратегијата на ВМРО-ОКГ да се заштити од одговорност.
Со затворање на државата и создавање на наратив за „надворешни непријатели“, Мицкоски се обидува да го скрие економскиот колапс, празниот буџет и фактот дека веќе нема пари ниту за пензии.
СДСМ уште еднаш повторува:
Изолацијата на Македонија не е патриотизам!


