Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Владата гради посилна економија, просечната нето-плата зголемена за скоро 8000 денари – соопшти ВМРО ДПМНЕ

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека економската политика дава резултати. Стандардот на граѓаните постојано се подобрува, а платите континуирано растат. Македонската економија бележи стабилен раст веќе 7 квартали по ред, со БДП од 3%, што е јасен показател дека земјата е на вистинскиот пат.

Резултатот на конкретната и посветена политика на Владата ги става граѓаните на прво место, се покачија платите на просветните работници, здравствените работници, припадниците на полицијата и одбраната.

Бројките го потврдуваат ова. Просечната нето-плата пораснала од 40.496 денари на 48.433 денари за само две години, зголемување од 19,6%. Дури и кога ќе се земе предвид поскапувањето, реалната куповна моќ на граѓаните е значително зголемена, односно платите растат побрзо од цените.

Оваа позитивна тенденција не е ограничена само на одредени сектори, раст бележат информациите и комуникациите, транспортот, рударството, недвижностите, и многу други дејности, што покажува дека напредокот е широк и го опфаќа целото општество.

Инфлацијата се стабилизира, економијата расте, а платите продолжуваат нагорна патека. И ова е само почетокот, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на уште подобри економски резултати во иднина.