Соопштение на СДСМ:
Организираната криминална група ВМРО и Мицкоски со голема помпа соопштуваат дека индустриското производство пораснало за 7,6% во април 2026 година.
Ова е класичен пример на статистичка манипулација и селективно прикажување на податоци.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првите четири месеци од 2026 година индустриското производство пораснало за само 0,2%. Ова е практично стагнација.
Едномесечниот раст од 7,6% е резултат на ниска база од претходната година и не ја отсликува реалната и одржлива динамика во индустријата.
Уште поалармантно е тоа што целокупниот економски раст во истиот период е минимален, а инвестициите се намалени за десетици проценти.
Кредитната линија од 230 милиони евра што ја споменува Владата не е доказ за успех – тоа е ново задолжување кое ќе го плаќаат граѓаните.
Организираната криминална група ВМРО сака да создаде слика на економски напредок, но реалноста е сосема поинаква:
• Индустријата стагнира.
• Инвестициите се во слободен пад.
• Младите масовно заминуваат.
• Буџетот е пред колапс.
• Економскиот раст е меѓу најниските во регионот.
Наместо да признаат дека нивната економска политика не дава резултати, тие земаат еден месец со повисок раст и го претставуваат како доказ за „успех“.
Ова е иста онаа тактика што ја користат и за долговите и за реформите, и за европскиот пат – лажен маркетинг наместо реални резултати – трета економија во Европа.
Граѓаните не живеат од статистички трикови. Тие живеат од плати, од работни места и од перспектива. А во сите овие области, по две години власт на Мицкоски, состојбата е полоша, а не подобра.
Организираната криминална група ВМРО може да продолжи да фалсификува успех преку селективни бројки. Реалноста на теренот е сосема поинаква – и граѓаните тоа најдобро го знаат.
Доволно е граѓаните да погледнат во своите паричници и фрижидери за да видат како изгледа таа наводна „трета економија во Европа“. А според најавите на министерката за финансии, наскоро Европската Унија ќе биде пред банкрот, додека Македонија ќе стане прва економија во Европа.
Вакви ветувања денес можеме да слушнеме само уште од Вучиќ. Тешко е да се процени кој предничи во овие тврдења.


