Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

МОТОЦИКЛИСТ ИЗГУБИЛ КОНТРОЛА И ПАДНАЛ НА КОЛОВОЗ: Две лица тешко повредени во битолско

На 20.06.2026 во 11:10 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Ѓавато-Тополчани, 58-годишниот С.К. од Битола, управувајќи мотоцикл со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка С.К.(52) од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.