Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Никој повеќе не и верува на власта -невработеноста се намалува само поради иселувањето

Соопштение на СДСМ:

Намалувањето на невработеноста што го соопштува Владата на ВМРО-OKГ не е резултат на нови работни места и економски напредок, туку на масовно заминување на младите од земјата и иселување. Истите млади кои сакаат да ги замент за мигранти односно „економски работници“.

Младите не сакаат да останат во држава која нема перспектива.

Тие јасно ја препознаваат политиката на Христијан Мицкоски, криминал, корупција, партизација, нема систем, има блокада на европскиот пат и одржување на земјата во изолација.

Без европска интеграција нема економски просперитет, нема повисоки плати, нема квалитетни работни места и нема иднина. Младите тоа го знаат и затоа заминуваат.

Наместо да ја отвори вратата кон Европа, Мицкоски ја затвора и ја претвора Македонија во слепо црево на Балканот – земја без визија, без перспектива и без доверба.

После две години не исполнети ветувања, нереализирани мерки од програмата, без никаков резултат зад себе, кога рејтингот на Мицкоски и ВМРО е во стрмоглав пад, а партијата загуби преку 150.000 гласови, власта одеднаш почна да ветува сè.

Оперативни планови, додатоци, програми – сè е дел од нова претстава за јавноста. Ова не се вистински мерки, туку нов сет на лаги подготвени во пресрет на можни предвремени избори.

Мицкоски дојде на власт со лаги, владее со лаги и сега, кога е притиснат, нуди нови лаги.

Наместо системски мерки за задржување на младите, тој нуди козметички додатоци и статистички трикови, како што Македонија е трета економија во Европа.

Наместо да ја врати довербата, тој продолжува да ја уништува со континуирано лажење и одложување на европскиот пат.

Граѓаните, а особено младите, повеќе не веруваат во ВМРО и во Мицкоски. Тие јасно гледаат дека оваа власт нема ниту морал, ниту капацитет да ја води земјата напред.