Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На граничните премини се чека до 40 минути – Каква е состојбата на патиштата?

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини “Богородица” и ”Дојран” има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Утре дожд и силен ветер, а од петок нова промена на времето – детална четиридневна прогноза

ДЕСК

СЕ ВРАЌА ПОСТУДЕНОТО ВРЕМЕ – Утре ветер над 60 километри на час, можен снег на повисоките планини

ДЕСК

Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

ДЕСК