Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДРАМА НА БУЛЕВАРОТ „ТУРИСТИЧКА“: 21-годишник со „мерцедес“ изгубил контрола и завршил во жардињера

На 25.03.2026 година во 05:20 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишено од слобода е лице (21) од селото Слатино, општина Дебрца. Тој, управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонска жардињера.

При извршено алкотестирање, полициските службеници, кај него констатирале 1,99 промили алкохол во крвта по што веднаш е исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи а по насоки на јавен обвинител, одземено му е моторното возило.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „Безобѕирно управување моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СО ОСТРА ПОРАКА ДО ВРВОТ НА СДСМ: Секој што крена глас беше прогласен за платеник, купен или уценет!

ДЕСК

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

ДЕСК

Минчев од Прилеп: Академијата е сржта на професионалната администрација, знаењето мора да се претвори во резултати!

ДЕСК