Бројот на умрените лица во 2025 година е 20 287 лица, што претставува зголемување од 0.4 % во однос на 2024 година, ифнормира Државниот завод за статистика.
Поголем број умрени лица, т.е. 10 498 се од машки пол наспроти 9 789 жени.
Умрени доенчиња се 62, а нивното учество е 0.3 % на 100 умрени лица.
Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2 002 се регистрирани во месец јануари, а најмалку 1 506 во месец април.
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72.2 година, односно 76.6 години кај лицата од женски пол или за 4.4 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
Според Меѓународната класификација на болестите-10, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем (шифра I00-I99) со 34.0 % од вкупно умрените, потоа се случаите кај кои како причина за смртта се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48) со 19.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90) со 6.5 %, болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 3.7% и следат останатите, но со помала застапеност.


