Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер (40km/h) од северен правец, особено во источните делови.
Утрото ќе биде свежо, особено во источните предели, каде минималните температури ќе се спуштат околу 5 до 6 степени. Во западните и јужните делови утринските температури ќе бидат повисоки, од 9 до 12 степени.
Во текот на денот ќе биде топло, со максимални температури од 23 степени во западните повисоки предели до 34 степени во југоисточниот дел од земјата. Во централните и јужните региони дневните температури ќе се движат околу 27 до 33 степени, а во Скопската котлина околу 31 степен.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.


