Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Три деца итно пренесени во болница во Куманово, полицијата го расчистува случајот

Три деца од Куманово завршиле на лекарски преглед откако биле пронајдени во загрижувачка состојба на улицата „Професор Мијалковиќ“.

Како што информираат од СВР Куманово, станува збор за 15-годишно девојче и нејзините двајца помали браќа, на возраст од 12 и 9 години. Децата биле забележани на улица во состојба во која не реагирале на допир, по што веднаш биле пренесени во кумановската Општа болница.

Случајот бил пријавен во полиција околу 10:40 часот. Според првичните информации, се проверуваат сомнежи дека нивната состојба може да е поврзана со вдишување лепак.

На трите деца им била укажана медицинска помош, а надлежните преземаат дополнителни мерки за да се утврдат сите околности околу настанот.