Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

РАБОТНИК ЗАГИНА ПРИ ЧИСТЕЊЕ КАНАЛ: На терен излегле полиција, обвинител и трудов инспектор

На 15.06.2026 во 12:47 часот во СВР Тетово е пријавено дека во канал за вода има починато лице во атар на с.Горно Јеловце. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето Н.М.(64) од с.Дебреше, вработен во ЈП „Комуналец“ Гостивар.

Според пријавеното, тој со колеги дошол на местото да го исчистат каналот на местот каде што имало канали за прибирање на проточни води, при што се заглавил во еден од каналите.

Откако бил извлечен од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

На местото на настанот излегол и трудов инспектор, а увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.