Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Соопштение на СДСМ:

Мицкоски ги излажаа земјоделците.

Во опозиција им ветуваше повеќе пари, поголема поддршка, сигурен откуп…ништо од тоа.

После 2 години власт земјоделството е на колена: субвенциите се намалени за 40 милиони евра и постојано каснат, откупот на земјоделски производи е намален за 46 проценти, трошоците за производство се зголемени, буквално нема сегмент во земјоделието каде нема сериозен проблем.

Најдобар доказ за тоа е состојбата во сточарството и кризата со откупот на млекото.

Откупната цена на млекото е драстично намалена за над 30% и понижувачка за сточарите. Денес литар млеко се откупува за едвај дваесетина денари, цена која не ги покрива ниту основните производствени трошоци.

Веќе две млекарници во делчевскиот регион најавија прекин на откупот, што значи дека многу сточари остануваат без пласман и без егзистенција и кризата ќе се продлабочи. Дополнително, доцнат субвенциите за добиток и премиите за млеко.

Во исто време, цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Значи дека некој профитира на грбот на македонските сточари.

Земјоделците ја хранат Македонија, можат да го хранат и целиот регион ако Владата на Мицкоски се грижеше за нив.

Земјоделците претрпеа силен удар и од растот на цените на горивата, бидејќи Владата не презеде никакви мерки за да ги заштити од зголемените трошоци за производство.

Сега, откако го спаси Трипуновски Мицкоски треба да излезе и да им каже на земјоделцитте зошто нема мерки за млекото, оризот, доматот и пиперката? Зошто доцнат субвенциите?

Затоа што, како што рековме нема пари во буџетот за земјоделците заради криминални тендери.

Сега снемува пари и за тендери штом му се брза со избори.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Фондот за здравство нема демократски легитимитет да задира во веќе стекнатите права на работниците – ДПМНЕ не го поддржа предлог-законот на Левица и ги остави работниците на милост и немилост на ФЗО

ДЕСК

Од денес до четврток АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста шап и лигавка

ДЕСК

Крмов: Владата ги жртвува капиталните инвестиции за да ги покрие тековните буџетски обврски – 90% од буџетот одат за плати, пензии и долгови

ДЕСК