Centar.mk
https://www.youtube.com/watch?v=X0An2-ZNWfQ
МАКЕДОНИЈА

ПОЛИЦИЈАТА ОБЈАВИ И ВИДЕО – Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада

Веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска (15.06.2026) во 12.13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.
При преземените дејствија е пронајдена и облеката што лицето ја носело во моментот на извршување на делото. Во координација со надлежен јавен обвинител се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по итна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Фондот за здравство нема демократски легитимитет да задира во веќе стекнатите права на работниците – ДПМНЕ не го поддржа предлог-законот на Левица и ги остави работниците на милост и немилост на ФЗО

ДЕСК

Од денес до четврток АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста шап и лигавка

ДЕСК

Крмов: Владата ги жртвува капиталните инвестиции за да ги покрие тековните буџетски обврски – 90% од буџетот одат за плати, пензии и долгови

ДЕСК