Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
Филипче и СДС не нудат решение за Македонија, туку нудат нови отстапки со кои овозможуваат нови уцени.
Филипче глуми адвокат на официјална Софија и ги стави туѓите интереси пред македонските.
Венко Филипче е опседнат со внесување на Бугарите во Уставот, што покажува дека за СДС нема црвени линии кога се во прашање националните интереси и достоинството на државата.
Додека Владата носи инвестиции, отвора перспективи и работи за подобар животен стандард, Филипче и СДС единствено нудат политики на капитулација, сервилност и исполнување на туѓи агенди.
Наместо да се борат за Македонија, во СДС се натпреваруваат кој побрзо ќе прифати нови условувања и отстапки.
На граѓаните одамна им е јасно дека внесувањето на Бугарите во Уставот не е крај на барањата, туку почеток на нова серија уцени. Токму затоа огромно мнозинство граѓани се против такви чекори под диктат и притисок однадвор.
Секој јавен настап на Филипче и СДС се потсетник зошто СДС ја изгуби довербата кај народот и зошто продолжува да тоне.
Во Македонија заврши времето на капитулации и политичари кои клечат пред туѓи барања.
Македонија има потреба од лидери кои стојат исправено, го бранат идентитетот, јазикот и државните интереси без калкулации и без пазарење.
Граѓаните ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ и даваат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ да се бори достоинствено на патот на интеграцијата на Македонија во ЕУ.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


