Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

МВР УАПСИ ТРИ ЛИЦА ЗА ЗАВШЧЕРАШНИОТ ИНЦИДЕНТ: Откако скопјанец го сопреле три воизла бил претепан, однесен на плац во Карпош па оставен во Шишево

На 13.06.2026 во 14:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода три лица на возраст од 34 до 46 години, тројцата од с.Грчец, општина Сарај, соопшти МВР:

Имено, на 12.06.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, Д.Е.(36) од с.Семениште, скопско, пријави дека околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, тројцата со патнички возила „хјунади“, „фолксваген тигуан“ и „фолксваген пасат“ го пресретнале и запреле неговото патничко возило „мерцедес“, по што едно лице физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди. Според пријавеното, после тоа го ставиле во едно од возилата и го однеле најпрво на автоплац во Карпош, а потоа го оставиле во село Шишево, скопско.

По преземени мерки тие се пронајдени и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.