Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, по исклучокот за Кавадарци, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле две лица.
Според информациите, во несреќата учествувале патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Ж.Р. од Прилеп, и патничко возило „фолксваген голф“, исто така со прилепски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Т.М. од Прилеп.
Во несреќата на местото починале возачот на „шкодата“, Ж.Р., и 42-годишната Б.Б. од Прилеп, која била сопатничка во возилото. Смрт констатирал лекар од екипа на Итната медицинска помош од Кавадарци.
Во тешката сообраќајка има и повреден кој е пренесен во скопските клиники.
Надлежните служби извршиле увид на местото на несреќата, по што ќе бидат утврдени причините за трагичниот настан.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


