Соопштение на СДСМ:
Од Софија до Атина за шест часа – брз воз ќе јури низ Европа. Скопје не е на картата.
Ваква е изолацијата што ја води Мицкоски и неговата банда.
Додека најавуваат нови инвестиции во железницата, Македонија останува исклучена од европските инфраструктурни планови.
Целиот проект што моментално се реализира е во интерес на Вучиќ и на Кинезите. Само тие имаат корист од овие планови.
Затоа и Стоилковиќ, првиот соработник на Мицкоски, потпретседател на Владата и втор човек во државата, отворено најавува блиски односи со Комунистичката партија на Кина и нивните инвестиции. Јасно е за кого работи.
Додека Мицкоски и ВМРО се фалат со инвестиции, во Унгарија новиот премиер веќе формираше тело што ќе го истражува Орбановото работење – вклучувајќи ги и прекумерните трошења на средства за железницата.
Мицкоски и неговата банда не градат за Македонија. Тие градат за своите пријатели и за странски интереси. Затоа Македонија останува надвор од картата на Европа.
Доста е со изолација и лажни инвестиции.
Реформи сега. Европа сега.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


