Centar.mk
фото: Општина Илинден
ЛОКАЛНО

Градоначалникот Александар Георгиевски им додели признанија на најуспешните ученици од Општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги прими учениците од општинските основни училишта кои во текот на учебната година постигнаа значајни резултати на државни натпревари и освоија високи пласмани во различни области.

На приемот, градоначалникот им упати искрени честитки на наградените ученици и на нивните ментори за вложениот труд, посветеност и остварените успеси, нагласувајќи дека нивните достигнувања претставуваат гордост за целата општина. Тој истакна дека Општина Илинден и понатаму ќе продолжи да ги поддржува и мотивира младите таленти, препознавајќи го знаењето како најзначајна инвестиција во иднината.

По тој повод, на учениците и нивните наставници – ментори им беа доделени признанија како знак на благодарност и почит за нивните исклучителни резултати. Признанијата претставуваат поттик за понатамошен развој и афирмација на знаењето, креативноста и натпреварувачкиот дух кај младите.

Наградените ученици остварија забележителни успеси на државни натпревари по повеќе наставни предмети и области, што го потврдува високиот квалитет на образовниот процес во училиштата на територија на општина Илинден.

фото: Општина Илинден

Можеби ќе ве интересира

Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со околу 7.000 млади крапови

ДЕСК

ДЕЛ ОД СКОПЈЕ БЕЗ ВОДА – Планирани интервенции во Автокоманда и Карпош

ДЕСК

Оваа општина дели по 10.000 денари за секое новороденче

ДЕСК