Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минимална температура: 9°C до 20°C
Максимална температура: 22°C до 34°C
Најтопло ќе биде во југоисточниот дел од земјата, каде температурата ќе достигне до 34 степени, додека посвежо ќе биде во западните делови, со дневни температури околу 22 до 27 степени.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


