Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Само Филипче на иста линија со Радев бара уставни измени како единствена реформа, додека ЕУ претставници и институции го признаваат напредокот на Македонија

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Признанија и пофалби за работа на Владата и напредокот на државата доаѓаат од повеќе функционери и претставници на земји членки на Европската Унија.

Европски претставници како што е Антонио Кошта, претседател на Европскиот Совет и институции како Европската Комисија кои потврдуваат дека Македонија се развива и напредува во Реформската агенда, за што доби и најмногу финансиски средства од Планот за раст од земјите во регионот.

Унијата со внимание ги следи реформите на македонската влада и истите ги поздравува, велејќи дека сме лидери во регионот, а само Венко Филипче е на иста линија со Румен Радев и велат единствена реформа за Македонија се уставните измени.

Со тоа Филипче ја продолжува веќе видената пракса на Зоран Заев, кој за власт се согласи на разни идентитетски отстапки и национални предавства, како што е промена на името, само за да дојде и подолго да остане на власт.

По долго време коленичење и поданост од страна на властите предводени од СДС, сега европските претставници кај македонската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, гледаат државнички пристап и сигурен партнер за соработка.

Голем дел европски претставници и на земји членки на ЕУ сметаат дека Македонија бележи видливи резултати и дека, после долги години чекање, заслужуваме гаранции и предвидливост на европскиот пат.

Но, Филипче како пиун на Радев и специјален пратеник на Бугарија не смета така. Оваа генерација на СДС предводена од Венко Филипче, покажува дека е нај мекото ткиво на Македонија, надминувајќи го и тоа на Зоран Заев.

Наместо да застанат заедно со Владата зад македонските национални и идентитетски интереси, тие се на иста линија до Радев во служба на Бугарија и спремаат уште едно поголемо предавство.

Додека Бугарија се обединува во цврст став по однос на Македонија, Румен Радев во државава си најде пиун по негова мера, Венко Филипче кој е подготвен да исполни се што ќе му побара без никаков приговор.

Затоа, го прашуваме Филипче и ова раководство на СДС, што уште сакаат да направат за да и наштетат на државата и да бидат запаметени како најголемите предавници во најновата историја на Македонија, веднаш после Заев и компанија.

Можеби ќе ве интересира

Почина аналитичарот Арсим Зеколи на 60 годишна возраст

ДЕСК

Баран по потерница, полицијата го уапси

ДЕСК

Мицкоски ќе присуствува на отворањето на новата фабрика на Винчини вредна 8,5 милиони евра

ДЕСК