Centar.mk
илустративна фотографија генерирана со вештачка интилегенција за потребите на Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почина аналитичарот Арсим Зеколи на 60 годишна возраст

Почина аналитичарот Арсим Зеколи на 60 годишна возраст, а од него се простија повеќе негови соработници и пријатели.

Со објава по повод смртта на аналитичарот се огласи и Бујар Османи:

„Со тага ја примив веста за смртта на амбасадорот Арсим Зеколи.Арсим беше исклучително образован и начитан човек, со свое мислење кое не се двоумеше да го каже, без разлика дали тоа некому му се допаѓаше или не.

Често јавно ме критикуваше, но тоа не нè спречуваше да се среќаваме и со часови да разговараме за меѓународната политика, регионот и геополитиката.

Кога бев претседавач со ОБСЕ, често го поканував во мојот кабинет. Како поранешен амбасадор во Мисијата на ОБСЕ во Виена и дипломат кој беше силно посветен на самата организација, секогаш носеше интересна и уникатна перспектива.

Никогаш не разговаравме за тоа што го напишал за мене претходниот ден, ниту за нешто што можеби не ми се допаднало.

Еден детал особено ми остана во сеќавање. Колку и пати да му понудев кафе кога ќе дојдеше во Министерството, тој одбиваше. Велеше дека не сака да добие ништо од луѓето на власт, за никому да не му остане должен, па дури ни за едно кафе.

Таков беше Арсим.

Сочувство до семејството и најблиските“, напиша Бујар Османи на фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

Баран по потерница, полицијата го уапси

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Само Филипче на иста линија со Радев бара уставни измени како единствена реформа, додека ЕУ претставници и институции го признаваат напредокот на Македонија

ДЕСК

СДСМ: Со „Скопска иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ отвора ново поглавје за иднината на Македонија

ДЕСК