Нестабилноста продолжува во југозападните делови. Во Охридско-преспанскиот регион има појава на засилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на суградица.
Северозападно од Крушево и североисточно од Македонски Брод има пороен дожд, грмежи и можна појава на суградица.
Од УХМР најавуваат дека во пладневните часови, особено во југозападните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


