Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

Лоши вести за возачите на дизел: Поскапува нафтата, бензинот поевтинува – РКЕ со нова одлука

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на одлуката од 1.6.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 3,175%, кај дизелот има зголемување за 3,367%, кај екстра лесното масло има зголемување за 2,386% и кај мазутот има намалување за 1,488 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1617%.

Од 9.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 89,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 47,297 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,609 ден/кг и сега ќе изнесува 47,297 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира

Инфлацијата достигна 4.8%, малопродажните цени пораснале за 5.6% во мај споредбено со истиот период лани

ДЕСК

Годишен состанок на ЕБОР во Рига, билатерални состаноци со ЕБОР, ЕИБ и Зелениот климатски фонд, инфраструктурните проекти значајна ставка во политиките на Владата

ДЕСК

Мицкоски ќе присуствува на отворањето на новата фабрика на Винчини вредна 8,5 милиони евра

ДЕСК