Centar.mk
фото: Општина Центар
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Награди и признанија за првенците на генерација, по 20.000 денари за најуспешните ученици од Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели пофалници и парични награди во износ од 20.000 денари на првенците на генерацијата од сите осум општински училишта. Вкупно се издвоени 160.000 денари за најуспешните ученици.

Наградените ученици во текот на своето деветгодишно образование покажале континуиран одличен успех, освоиле бројни признанија на државни и меѓународни натпревари и активно учествувале во вонучилишни активности, достојно претставувајќи ги своите училишта и Општина Центар.

„Ова е личен успех за вас, но и за вашите наставници, родители и за сите нас како локална самоуправа. Ви посакувам многу успеси во натамошното школување и да се изградите во професионални личности. На општината и државата ѝ се потребни квалитетни млади луѓе кои ќе останат тука, ќе вложуваат и ќе придонесуваат за подобра иднина“, истакна Герасимовски.

Тој посочи дека Општина Центар континуирано ги наградува и мотивира талентираните ученици за вложениот труд, знаење и посветеност, со цел да им даде силна поддршка за нивното образовно и лично усовршување.

фото: Општина Центар

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје

ДЕСК

Денови за спорт на младите во општина Илинден

ДЕСК

Се асфалтира ул. „111“ во м.в Јака – Марино, општина Илинден

ДЕСК