Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВЕТУВАЊЕ ЗА ПОМОШ, ПА МОЛК НА ТЕЛЕФОН: Седумдесет и едногодишник пријавил измама тешка 500 евра

На 03.06.2026 во 15:25 часот во СВР Тетово, 71-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од 50-годишник од село во општина Боговиње за износ од 500 евра.

Според пријавеното, лицето му ветило дека ќе му помогне во процедурата за добивање туѓа нега.

Како што е пријавено, тој му ги предал личните документи и му исплатил 500 евра, по што лицето престанало да му одговара на повиците.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

ДЕСК

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК