Centar.mk
фото Општина Илинден
ЛОКАЛНО

Во општина Илинден одбележан празникот „Св. Константин и Елена“

Во чест на празникот на светите рамноапостоли Константин и Елена, денес во општина Илинден свечено беше одбележан патрониот празник на храмот „Св. Константин и Елена“.

По тој повод, беше отслужена света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Епископот Дељадровско-Илинденски г. Јоаким. На богослужбата присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој со своето присуство ја потврди поддршката на локалната самоуправа во негувањето на духовните, културните и традиционалните вредности во заедницата.

По повод празникот, градоначалникот упати честитки до православните верници, особено, до сите граѓани кои го носат името на светите Константин и Елена, посакувајќи им добро здравје, среќа, благосостојба и духовен мир.

Светата литургија беше посетена од голем број верници од општина Илинден, кои достоинствено го одбележаа празникот посветен на светиот цар Константин Велики и неговата мајка Елена. Нивното дело и нивната посветеност на христијанската вера претставуваат трајна инспирација и значаен дел од христијанското духовно наследство.

фото Општина Илинден

Можеби ќе ве интересира

Во тек се активностите за поставување пешачки семафори, се работи во ноќните часови за да нема застој во секојдневието

ДЕСК

Граѓански форум за уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

ДЕСК

Известување за монтажа на нови семафори на булевар„Александар Македонски“на пешачки премин кај бензиска станица„Макпетрол“

ДЕСК