Centar.mk
фото Министерство за правда
МАКЕДОНИЈА

Реализацијата на Развојната секторска стратегија за правосудство достигна 56,9%, а реформите во судството и обвинителството надминаа 81%

Министерството за правда денес го промовираше Годишниот извештај за спроведувањето на Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028 за 2025 година, документ кој дава сеопфатен преглед на напредокот во реализацијата на реформите во правосудниот сектор.

Во своето обраќање, министерот за правда Игор Филков, истакна дека резултатите покажуваат континуирана динамика во спроведувањето на реформските процеси и јасна институционална посветеност кон унапредување на владеењето на правото.
Според извештајот, во текот на 2025 година биле предвидени 116 активности, од кои 66 се целосно реализирани, а 50 се во фаза на реализација. Вкупната стапка на спроведување достигнала 56,9 проценти.

Особено значајни резултати се постигнати во областа на судството и јавното обвинителство, каде реализацијата надминува 81 процент, додека кај реформите поврзани со Уставниот суд стапката на реализација достигнува 75 проценти.

„Овие показатели претставуваат потврда дека реформите се движат со јасна динамика и носат конкретни резултати. Секој реализиран чекор значи поефикасно правосудство, поголема правна сигурност и посилни институции“, истакна министерот Филков.

Во рамки на настанот беше нагласено дека Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028 останува клучен документ за модернизација на правосудниот систем и негово усогласување со европските стандарди.

Извештајот ги идентификува и приоритетите за следниот период, меѓу кои се понатамошната дигитализација на правосудството, јакнењето на институционалните капацитети, инвестирањето во човечки ресурси и унапредувањето на координацијата меѓу институциите.
Министерството за правда ќе продолжи со реализација на активностите од Акцискиот план, со цел создавање современ, ефикасен и транспарентен правосуден систем кој ќе обезбедува владеење на правото и еднаков пристап до правда за сите граѓани.
На настанот беше изразена благодарност до правосудните институции, партнерите од граѓанскиот сектор и меѓународната заедница за нивниот придонес во спроведувањето на реформите, како и до проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ за поддршката во подготовката на извештајот.

фото Министерство за правда

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Малолетничка жртва на полово вознемирување од страна на 57 годишен возач на комбе

ДЕСК

СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА РАСЧИСТУВА ИНЦИДЕНТ: Агресивно се однесувале кон вработени во општината и полициски службеници

ДЕСК

Апсење на Долно Блаце

ДЕСК