Centar.mk
ЛОКАЛНО

Известување за монтажа на нови семафори на булевар„Александар Македонски“на пешачки премин кај бензиска станица„Макпетрол“

Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје на 07.06.2026г./недела/ со почеток во 08.00часот. ќе изведуваат активности за монтажа на нови портални семафорски столбови на булевар„Александар Македонски“ на пешачки премин кај бензиската станица„Макпетрол“. На истоимениот пешачки премин ќе бидат воведени и нови светлосни сигнали согласно одобрен ОС Проект, кои од неодамна беа оштетени од сообраќајната незгода. Првата фаза на изведба на портална греда ќе биде од страната на влез во Скопје и сите возила ќе се пренасочат кон Клучката за Сингелиќ и Маџари. Втората фаза на изведба на порталната греда ќе биде страната излез од Скопје и сите возила ќе се пренасочат кон улицата „Благоја Стефковски“.

Екипите на ЈП„Улици и патишта“ на горенаведените локации ќе постават сообраќајна опрема и сигнализација, а ќе бидат распоредени и редари. Сообраќајот во неколку часовен период ќе се одвива отежнато, но без прекини, поради тоа апелираме до граѓаните за трпение до завршување на работите согласно предвидената динамика.

Можеби ќе ве интересира

Во тек се активностите за поставување пешачки семафори, се работи во ноќните часови за да нема застој во секојдневието

ДЕСК

Граѓански форум за уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

ДЕСК

Во општина Илинден одбележан празникот „Св. Константин и Елена“

ДЕСК