Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Кино под отворено небо во центарските паркови , повелете на дружење, пуканки и пријатна атмосфера

Општина Центар вечерва, со почеток од 20:00 часот во Парк Капиштец, ја одржува првата филмска проекција на македонскиот детски филм „Мали промени – големи разлики“ во рамки на проектот „Патувачко кино“, што ќе трае од 2 до 13 јуни.

„Ги поканувам децата и родителите на бесплатно кино под отворено небо. Филмската приказна, реализирана со поддршка на Општина Центар, е специјално наменета за младите и носи поуки за бонтонот, другарството и вистинските вредности. Повелете на дружење во вечерните часови, во пријатната атмосфера на нашите паркови“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

По проекцијата во Парк Капиштец, филмот вечерва ќе биде прикажан и кај ООУ „Кочо Рацин“ во терминот од 21:00 часот.

Општина Центар информира дека во периодот од 2 до 13 јуни ќе се одржуваат бесплатни филмски проекции низ центарските паркови, со содржини посветени на младата публика, а за секое дете се обезбедени пуканки и сокче.

Проектот „Патувачко кино“ овозможува заеднички моменти на дружење и културно-едукативно доживување, збогатувајќи ја летната понуда во градот.

Можеби ќе ве интересира

Утре на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

ДЕСК

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради атлетска трка

ДЕСК

Младински центар Карпош – пример за регионална соработка

ДЕСК