Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ НАЈКРИТИЧЕН: Се очекуваат дожд, грмежи, ветер и можен град

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Под влијание на циклонска активност во четврток ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Прогноза за 04.06.2026
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 22°C до 29°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m²), грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Прогноза за 05.06.2026
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 25°C до 32°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 06.06.2026
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 26°C до 34°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лаги, излажа за анкетите, а сега и дека поседува автомобил од 6.000 евра кој го нема во анкетниот лист, што уште крие Филипче од јавноста?

ДЕСК

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село

ДЕСК