Centar.mk
https://www.facebook.com/reel/1691715812163161 / ФОТО скриншот/фејсбук страница на Орце Георгиевски
ЛОКАЛНО

(ВИДЕО) АВИОНСКО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ: Реализирана втората фаза, најавена и трета

Градот Скопје ја реализираше втората авионска фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на територијата на градот.

Активностите беа спроведени во раните утрински часови, согласно предвидената програма, законските обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје.

Во текот на утрешниот ден ќе биде реализирана и третата фаза од авионската дезинсекција, како дел од континуираните мерки за намалување на популацијата на комарци и заштита на јавното здравје.

Од Градот Скопје посочуваат дека навремената дезинсекција има клучно значење во превенцијата од ширење заразни болести и создавањето побезбедна и поквалитетна животна средина за граѓаните. Токму раното и системско третирање претставува најважен чекор во спречувањето на масовна појава на комарци во текот на летниот период.

Во наредниот период се предвидени уште две фази од дезинсекцијата, кои ќе опфатат авионско и теренско прскање, со цел обезбедување целосна и ефикасна заштита на подрачјето на градот Скопје.

Градот Скопје останува посветен на спроведување навремени, системски и одговорни мерки во интерес на заштитата на здравјето и благосостојбата на сите граѓани.

ФОТО скриншот/фејсбук страница на Орце Георгиевски

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Последна недела од акцијата за отплата на долгови без пресметка на камата

ДЕСК

Широк Сокак добива семафор: Мал сообраќаен потег, голема промена за центарот на Битола

ДЕСК