Centar.mk
фото Собрание
-МАКЕДОНИЈА

Поддршката на Малта за евроинтеграциите во фокусот на средбата Гаши-Фаруџа

Денес на маргините на Пленарната сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир која се одржува во Собранието, Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија оствари средба со д-р Анџело Фаруџа, претседател на Претставничкиот дом на Република Малта.

На средбата се изрази задоволство што Собранието е домаќин на овој меѓународен настан како и за можноста да се разговара за перспективите на идната соработка меѓу Северна Македонија и Малта.

Претседателот Гаши истакна дека парламентарната дипломатија претставува значаен сегмент во секојдневното парламентарно работење и можност за промовирање на видливоста на еден парламент надвор од границите на државата, но и можност за споделување на заеднички искуства и добри практики меѓу двата национални парламенти, со посебен акцент на евроинтеграциите и искуствата на Малта како мала земја членка на Европската Унија при нејзиниот процес на пристапување во ЕУ. Тој ја потенцираше важноста од принципиелност од страна на Европската Унија во процесот на проширување на Унијата кон земјите од Западниот Балкан како и целосна примена на Копенхашките критериуми и принципот на заслуги.

Претседателот Фаруџа искажа благодараност што Собранието е домаќин на оваа меѓународна конференција. Тој укажа дека Малта целосно го поддржува европскиот пат на нашата држава и смета дека неправедно се закочува пристапувањето кон ЕУ, пат кој трае скоро четвртина век откако земјата е кандидат за членка на ЕУ. Изрази надеж за размена на искуства и добри практики, нешто што за нашето Собрание ќе биде од исклучително значење, особено во рамките на евроинтеграцискиот пат.

Двајцата соговорници се согласија дека билатералните односи меѓу двете држави претставуваат одлична основа за интензивирање на идната заедничка соработка на сите нивоа и изразија уверување дека двата парламенти во наредниот период ќе ја интензивираат соработката.

фото Собрание

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК